Дориан Бабунски фудбалер на сезоната на Дебрецен

Големо признание за македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски, кој од својот клуб е прогласен за играч на сезоната.

Неговиот биланс во оваа сезона е 13 голови и четири асистенции во одиграни 30 натпревари во унгарскиот тим.

Дебрецин сезоната ја заврши на третото место во домашното првенство и така обезбеди настап во европските купови наредната сезона. Бабунски заврши и на третата позиција меѓу стрелците во унгарското првенство.

Се вчитува...