Дориан Бабунски стрелец во поразот на Дебрецин од Хонвед

Браќата Дориан и Давид Бабунски и нивниот Дебрецин доживеаја пораз на гостувањето кај Хонвед од 4-2 во 23. коло во Националниот фудбалски шампионат на Унгарија. Помладиот од браќата, Дориан повторно имаше запазена улога откако постигна гол за израмнување на 2-2 во 58. минута.

Претходно, домаќините поведоа со 2-0 со головите на Наџи и Батик во првото полувреме. Пред Дориан да стрела, во 56. минута Уграи намали на 2-1. Сепак, на крајот недоволен беше погодокот на фудбалскиот репрезентативец на Македонија бидејќи Петковиќ во 75. минута повторно ги врати домаќините во водство (3-2), а конечните 4-2 ги постави Траоре во 90. минута.

Дориан Бабунски беше заменет во 72. минута, додека неговиот брат Давид го одигра целиот натпревар.

 

 

Се вчитува...