Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев продолжува со одличните игри во дресот на узбекистанската Согдиана.
Дориев е херојот на својот тим, кој со девет играчи, успеа да слави со 1-0 против лидерот Насаф Карши, благодарение токму на голот на македонскиот крилен офанзивец.
Македонскиот фудбалер одлично се снајде во 17. минута постигнувајќи го својот деветти гол сезонава за Согдиана со што се издвои на врвот од листата на најдобрите стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА