Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев е прогласен за најдобар странец во шампионатот на Узбекистан, каде што изминатава сезона заврши со 16 постигнати голови во дресот на Согдиана.
Дориев одигра 30 натпревари во дресот на Согдиана, издвојувајќи се во составот на својот тим со изданијата кои беа одбележани и од четири асистенции.
30-годишниот Дориев е три години во дресот на Согдиана, а претходно во кариерата настапуваше и за Хоризонт Турново, АП Брера Струмица и тетовска Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

