Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува со одличните партии во шампионатот на Узбекистан каде настапува за Согдиана.
Согдиана денеска на домашен терен стигна до нова победа овојпат со 2-1 на домашен терен против Термез Сукон. Повторно нашиот интернационалец беше во преден план откако прецизно стрелаше за 2-0 во 10. минута.
Ова за Дориев е четиринаесетти погодок сезонава за својот клуб и се наоѓа на второто место на листата на стрелци во шампионатот на Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

