Македонскиот напаѓач Љупче Дориев продолжува со погодоците во Суперлигата на Узбекистан. Во 28. коло од шампионатот, Сонгдиана победи со 0-2 на гостувањето против Ксоразм Урганч.
Дориев погоди во 84. минута од средбата, во тие моменти за водство од 0-1 на својата екипа.
За македонскиот фудбалер ова ее 16-ти гол сезонава во Узбекистан по 28 одиграни кола. Тој е втор на листата на најдобрите стрелци со два гола помалку од лидерот на стрелците.
Согдиана на две кола до крајот на првенството е на осмото место на табелата од 16 екипи во узбекистанското елитно друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

