Дориев, Тотре, Мицевски и Китановски, добија повик во А – репрезентацијата

Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП добиваат дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски и треба да се појават во А-репрезентацијата на Македонија за претстојниот натпревар против Грузија во Лигата на нации в среда. Тие најбрзо би можеле да се стават на располагање на стручниот штаб со оглед дека се работи фудалери од домашното првенство.

Младинскиот репрезентативец Агрон Руфати е веќе приклучен во А-составот. Тој има жолти картони и нема право за настап на мечот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, но може да настапи за А тимот, со оглед дека се сосема различни натпреварувања.

Претходно, Ангеловски го ослободи Ферхан Хасани, повреда на коленото има Стефан Спировски, а Енис Барди нема право на настап поради жолти картони на мечот со Грузија. Македонија ќе мора повторно многу да менува, посебно во средниот ред.

 

Се вчитува...