Доријан Бабунски два месеци надвор од терените поради повреда

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Доријан Бабунски ќе мора да паузира до почетокот на септември поради заработена повреда на еден од тренинзите на Мачида.

Како што информираа од канцеларијата на јапонскиот второлигаш, Бабунски има повреда на препоните која ја заработил на еден од тренинзите поради што неизбежно ќе биде надвор од терените меѓу шест и осум недели.

22-годишниот Доријан Бабунски сезонава во Втората лига на Јапонија одигра девет натпревари во дресот на Мачида, притоа без ниту еден постигнат погодок.

Се вчитува...