Доријан Бабунски ја запечати победата за Дебрецин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го запиша својот четврти погодок во дресот на унгарски Дебрецин по доаѓањето во клубот на почетокот од годинава.

Бабунски во 86. минута од средбата ја запечати победата од 3-1 за својот тим против Ѓирмот во 28. коло од унгарскиот шампионат.

 

Доријан го одигра целиот натпревар во триумфот на домашните, а неговиот брат Давид Бабунски ги одигра последните 30 минути од средбата, како и Матеј Цветановски кој во 60. минута влезе во игра во дресот на Ѓирмот.

Се вчитува...