Доријан Бабунски стрелец за Дебрецин

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски беше стрелец за Дебрецин на пријателскиот натпревар против австриски Волфсбергер за време на подготовките за новата сезона во унгарскиот шампионат.

Дебрецин загуби со 2-1 од Волфсбергер, а Бабунски од пенал погоди во 90. минута за ублажување на поразот на унгарскиот тим.

За Дебрецин настапи во средниот ред и Давид Бабунски.

Се вчитува...