Доријан Бабунски стрелец за Грасхоперс во победата над Цирих

Повремениот македонски фудбалски репрезентавице Доријан Бабунски беше важна алка во победата на неговиот Грасхоперс на домашен терен против Цирих од 2-1 во меч од 20. коло во швајцарската лига.

Се до влегувањето во игра на Бубунски во 69. минута домаќините имаа негатива од 0-1, а на Македонецот му беа потребни само три минути да стрела и да донесе израмнување 1-1. Конечните 2-1 беа дело на Шурф во последните моменти од натпреварот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...