Доријан Бабунски во тимот на колото во унгарскиот шампионат

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Доријан Бабунски се најде во тимот на 21. коло во Првата фудбалска лига на Унгарија. Тој на својот Дебрецин со два гола му донесе победа од 0-2 на гостувањето кај Пушкаш.

Доријан Бабунски зимава премина од редовите на Ботев Враца во унгарскиот Дебрецин и веднаш ги оправда очекувањата на тренерот.

Се вчитува...