Дортмунд и официјално без Халанд ќе го пречека Ренџерс

Борусија Дортмунд и официјално без Халанд ќе го пречека Глазгов Ренџерс на домашен терен. Напаѓачот Ерлинг отпадна од тимот на „милионерите“ за денешниот прв натпревар од плејофот во Лигата на Европа.

Тренерот на германскиот клуб Марко Росе на прес-конференција пред медиумите изјави дека Норвежанецот постигнал напредок во закрепнувањето од повредата на мускулот, сепак, во моментов не е доволно подготвен за настап.

Норвежанецот се повреди на гостувањето кај Хофенхајм пред повеќе од три недели и ги пропушти следните два натпревари во Бундес лигата.

Се вчитува...