Дортмунд и официјално го потпиша Ентони Модесте до 2023 година

Бундеслигашот Борусија Дортмунд беше принуден да реагира веднаш по најавеното долгогодишно отсуство на болниот Себастиен Халер, па денеска и официјално го потпиша центарфорот Ентони Модесте.

34-годишниот Французин, денеска ги заврши лекарските прегледи во Дортмунд, а вечерта потпиша едногодишен договор.

Модесте има големо искуство со играње во Германија, откако од 2013 до 2015 беше во Хофенхајм, а потоа следните две години во Келн. Во 2018 година повотрно се враќа во Келн и минува три години. Ланската сезона ја мина на позајмица во Сент Етјен.

Се вчитува...