Дортмунд на колена, Баерн Минхен е старо-нов шампион во Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен со супериорна игра успеа да издвои победа од 3-1 над Борусија Дортмунд во рамки на 31. коло од германската Бундеслига, победа вредна за нова титула во Германија.

„Баварците“ својата доминација ја покажаа уште од самиот старт, а Серж Гнабри го отвори мечот во 15. минута постигнувајќи маестрален погодок. Домаќините и понатаму продолжија да нижат шанси за гол, а тоа му успеа на најдобриот стрелец во 34. минута, Роберт Левандовски постигна гол за 2-0, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел „милионерите“ се вратија во игра, Емре Џан во 52. минута ја намали предноста на домаќините откако беше прецизен од белата точка.

Во 83. минута, Џамал ​​Мусиала ја затресе мрежата на „милионерите“ за нова титула на Баерн. Тимот од Минхен слави нова шампионска титула, десетта во низа за бундеслигашкиот великан и вкупно 32 во својата клупска историја, само колку да потврди дека баварската машинерија нема конкуренција во најсилната германска лига.

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517908011980931073/pu/vid/1280×720/QNSXJ-zFZODPjPHa.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517914152630730752/pu/vid/1280×720/7Nb8aKRH-rSqZX35.mp4?tag=12

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1517921622824521729/pu/vid/1280×720/XThnO3WVLThy0gh4.mp4?tag=12

Се вчитува...