Дортмунд со лекција до ПСЖ: Ние сме фудбалски тим, а не банка!

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Норвежанецот Ерлинг Халанд нема да го напушти германскиот тим ова лето, дури и ако ПСЖ испрати понуда од 200 милиони евра. ПСЖ е подготвен да го купи Халанд, но само ако го продаде Килијан Мбапе во Реал Мадрид, сепак проблем на францускиот гигант сега му прават и „милионерите“.

Спортскиот директор на Дортмунд им оддржа лекција на „светците“, Корк уште еднаш се огласи дека не прифаќа преговори во последен момент за Халанд, па ваквата јасна порака ја упати преку меидумите до челниците на ПСЖ.

„Ние сме фудбалски тим, а не банка. Нашиот став е јасен и ништо нема да се промени“, вели Корк.

Се вчитува...