Досега 170 Македонци со купени билети за баражот во Палермо, остануваат уште 1.100 билети

До денеска, согласно извештајот на официјалната италијанска мрежа за продажба на билети „Вива тикет“, вкупно 170 билети се купени од македонски навивачи за бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија кој на 24. март од 20:45 часот ќе се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

За македонските навивачи се обезбедени два сектори за гостински навивачи од „Ренцо Барбера“ со вкупно 1.300 места.

Според „Вива тикет“ досега се продадени 170 билети преку системот овозможен од Фудбалската федерација на Македонија, а резервирани согласно договорот со Италијанската фудбалска федерација. Цената на еден билет за македонските навивачи изнесува 12 евра. Се очекува, околу 500 македонски фанови да ја бодрат репрезентацијата во Палермо.

Како што е познато, македонските фанови кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот мора најпрво да се пријават во ФФМ за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса: bileti@ffm.com.mk .Македонските фанови се уште може, најдоцна до утре да аплицираат за билети.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата bileti@ffm.com.mk, најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк:

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи.

Македонија против Италија игра во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022. Победникот од овој дуел во финалето ќе го очекува подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.

Се вчитува...