Досега невидено во НЦАА лигата: Брутална тепачка на сред натпревар во Канзас… (ВИДЕО)

Досега невидени сцени во НЦАА лигата во САД, го одбележаа синоќешниот натпревар меѓу ривалските универзитети на Канзас сити и Канзас.

На една секунда пред крајот на мечот дојде до масовна тепачка на двата тимот, по еден прекршок на положување. Гордон се обиде да положи иако се беше решено, затоа што Канзас водеше со 81-59, но го блокираше Силвио Де Соуса. Покрај блокадата го испрати Гордон и во првиот ред од трибините, за да потоа дополнително го провоцира.

 

Сето тоа предизвика хаос и на паркетот, и на трибините. Масовна тепачка во која се замеша буквално се што беше присутно во салата…

 

Се вчитува...