Дошле на стадион во Франција и снимиле порно филм, клубот поднесе тужба

Аматерски порно филм е снимен на 29. јануари за време на натпреварот Ница – Лил на „Алијанц Ривиера“. Во виде се појавуваат девојка со скриено лице и глумец во дрес на Ница.

Францускиот прволигаш поради тоа веднаш се реши да поднесе тужба поради овој аматерски порно филм. Сцената се одвивала во тоалетот на стадионот.

„Раководството на клубот поднесе тужба после порнографско видео снимено на стадионот“, изјавија во среда од Управата за јавна сигурност во Франција.

Тужба поднела и фирмата која управува со стадионот поради „поврзување на имиџот на стадионот со порнографски активности“. Трета тужба поднеле и од аеродромот поради порнографско видео снимено од иста жена, овој пат внатре во аеродромот.

Се вчитува...