Доскорешниот соиграч на Димитријевиќ е ново засилување на Барселона (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Барселона продолжува со големите промени во ростерот по неуспешната сезона во која беа загубени титулата во Евролигата, но и шпанското првенство. Каталонците веќе ангажираа кошаркари како Никола Калиниќ, Јан Весели, Томас Саторански, а најново име во составот е Мајк Тоби.

Американецот кој настапува за словенската репрезентација во Барселона доаѓа по четири години поминати во Валенсија каде беше соиграч на нашиот Ненад Димитријевиќ. Центарот во последната сезона беше еден од најзаслужните за пласманот на Валенсија во полуфиналето од Еврокупот и се очекува да биде од огромна помош на тимот кој поради повреда нема да може да смета на Никола Миротиќ подолго време.

Се вчитува...