Доста беа пцовки, Обрадовиќ сега МОЛИ кошаркарите да играат одбрана

Фенербахче се наоѓа во неверојатна криза, а Жељко Обрадовиќ за првпат во кариерата се наоѓа во ситуација никако да не успее да допре до своите кошаркари и да го извлече максимумот од нив.

Откако на еден од претходните натпревари користеше пцовки за да ги разбуди, Обрадовиќ на синоќешниот дуел со Барселона се реши за поинаков пристап, па почна со извинување, а потоа и молба до своите играчи, да почнат да играат одбрана.

Ниту тоа не вроди со плод, Фенербахче загуби со преубедливи 89-63, а Обрадовиќ се соочува со зголемен притисок, доколку наскоро не најде излез од кризата да биде приморан да си замине од клубот.

Се вчитува...