Доста беа тренинзи, нека дојде Естонија на мегдан (Фотогалерија)

Македонските кошаркари вечерва го одработија последниот тренинг пред премиерниот дуел од квалификациите за Евробаскет 2021, максимално подготвени за утрешната пресметка со Естонија.

По неколку години пауза, Македонија повторно ќе излезе на мегдан со ривал со повисоко реноме, откако претходните два циклуси ги минавме во претквалификации против Косово, Швајцарија, Словачка… Желбата кај сите е идентична, серијата успешни настапи да продолжи, да со триумф над Естонија широко да се отворат вратите кон Евробаскет 2021.

Почетокот секогаш е најтежок, свесен за тоа е и новиот селектор Тодоров, кој сепак е оптимист дека со позитивната атмосфера што успеа да ја создаде во репрезентацијата и со подмладени сили ќе успее да го земе скалпот на Естонците, за најава на успешен квалификациски циклус.

Се вчитува...