Достаниќ им кажа збогум на Трајковиќ, Тошески и Чумиќ

Работнички стартуваше со промените во играчките редови за пролетниот дел од сезоната одлучувајќи да се раздели со тројца досегашни стандардни првотимци.

Шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ се одлучи да им каже збогум на централниот дефанзивец Бранислав Трајковиќ, фудбалрот од средниот ред Милош Тошески и напаѓачот Лука Чумиќ.

Од стручниот штаб си заминаа асистентите на Достаниќ, легендата на клубот Баже Илијоски како и Михаило Шејкероски, а ново име во тимот треба да биде дефанзивецот од Вардар, Виктор Велкоски кој повторно се враќа во клубот.

Се вчитува...