Временските неприлики и обилниот дожд донесоа прекина на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров во осминафиналето на турнирот во Синсинати. Мечот е прекинат во третиот сет, после пресвртот што го направи српскиот тенисер на 2-6, 6-3, 2-1, а ќе се доигра денеска околу 18.30 часот.
Победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во четвртфиналето кое пак ќе мора да го игра само неколку часа подоцна.
Според распоредот на мечевите за денеска, после дуелот Ѓоковиќ-Димитров, на програмата е мечот меѓу Роџер Федерер и Ленард Маер. Кога тие ќе завршат, а тој дуел тешко дека ќе трае подолго од два часа, на теренот излегуваат Милош Раониќ и победникот од дуелот Ѓоковиќ-Димитров во борба за полуфинале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА