Дождот направи хаос: Ф-1 трката во Белгија траеше само два круга

Трката за Големата Награда на Белгија што денеска беше на програмата траеше само два круга, откако организаторите беа принудени да ја прекинат трката поради обилните врнежи од дожд.

Најпрвин стартот беше одложуван поради ненормалните услови кои владееја на патеката, за на крајот да биде донесена одлука, болидите да се појават, но со безбедносно возило пред нив.

Според пропозициите, мораа да бидат комплетирани два круга за потоа да можат да бидат поделени по половина од предвидените бодови, а откако ова беше завршено се појави црвено знаме и трката дефинитивно беше прекината. Со прекинот почна да одбројува часовникот за да мине еден час до официјалниот крај на „Спа“, хипотетички можно е трката да продолжи доколку се создадат услови, но тоа е речиси невозможно.

Ова практично значи дека речиси сигурно конечен поредок ќе биде оној од вчерашните квалификации: Ферстапен пред Расел, Хамилтон, Рикиардо, Фетел, Гасли и Окон… со тоа што сите возачи ќе добибјат по половина од бодовите што вообичаено следат за нивниот пласман.

Се вчитува...