Кошаркарскиот сојуз на Албанија доживотно го суспендираше играчот на Тирана, Бруно Делиу која крвнички претепа судија на натпреварот против Теута од албанскиот шампионат.
Причина за тешкиот инцидент е техничката грешка која несреќниот делител на правдата му ја досуди на насилникот. Со два удари со тупаница, судијата падна на паркетот, но Делиу продолжи да го удира.
Делиу по инцидентот беше приведен од полиција. А, покрај суспензијата од Кошарскиот сојуз се соочува и затворска казна поради поднесената кривична пријава за физички напад со тешки последици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА