Драган Стојковиќ – Пикси е најлошиот од сите селектори кои ќе бидат дел од ЕВРО 2024

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси е најлошиот селектор од репрезентациите кои ќе учествуваат на престојното ЕВРО 2024, според изборот на познатиот англиски фудбалски магазин, „Four for two“.

Српскиот стратег е на 24. место на листата на „4-4-2“, на која пред него се Чехот Иван Хашек и Полјакот Михал Пробирз. Во рангирањето се земени во предвид резултатите во квалификациите но и последните пријателски натпревари. Факт е дека Србија не блескаше премногу во квалификацискиот циклус, но сепак успеа да се избори за учество на континенталниот собир во релативно слаба група.

Најдобар селектор, според магазинот, е Французинот Дидие Дешамп, а зад него се Лучијано Спалети, Герет Саутгејт и Јулијан Нагелсман.

Се вчитува...