Драгиќ: Изградивме нешто посебно, ќе се вратиме уште посилни

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ им се обрати на навивачите на Мајами Хит по поразот во финалната серија од НБА лигата против Лос Анџелес Лејкерс. Тој порача дека екипата ќе се врати уште посилна и повторно ќе се обиде да го освои шампионскиот прстен.

„Им благодарам на навивачите на Хит. Дефинитивно ова е начин на кој не треба да завршиме, но сум толку многу горд на моите браќа кои во ниту една ситуација не сакаат да се откажат. Ми се скрши срцето поради тоа што не бев со нив на начинот на кој сакав, но се оставивме на теренот сезонава. Благодарен сум им на сите за поддршката, на пријателите, на семејството и навивачите. Изградивме нешто посебно, ќе се вратиме посилни“, напиша Драгиќ. 

 

Се вчитува...