Драгиќ се премислува: Ќе останам во репрезентацијата, ако остане и Кокошков

Словенија испишува нови страници во својата кошаркарска историја, а еден од најзаслужните сигурно е Горан Драгиќ. Плејмејкерот од НБА-лигата не само што ги полни кошевите на противниците, туку и го разигрува остатокот од тимот, а извонредните настапи на овој Евробаскет се причина Драгиќ повторно да размисли и за својата репрезентативна иднина.

Имено, тој пред еден месец најави дека Евробаскет 2017 ќе биде негово последно натпреварување во репрезентативниот дрес, но последните успеси ги променија неговите планови. Драгиќ е подготвен да продолжи да игра за Словенија, но има само еден услов.

„Ако Игор Кокошков остане селектор и продолжи да ја води Словенија, и јас ќе продолжам да играм за репрезентацијата“ – порача Драгиќ во еуфорија во вечерашниот триумф над Шпанија.

Се вчитува...