Драгиќ: Сега на пиво, а потоа во нова „војна“

Словенија оствари фантастичен успех со триумфот над Летонија, пласирајќи се во полуфиналето од Евробаскет 2017. Горан Драгиќ веќе најави дека на крајот од овој шампионат ќе ја заврши и репрезентативната кариера, но токму затоа кај одличниот плејмејкер мотивацијата е на највисоко ниво, со што подобар пласман да се прости од националниот тим.

Одигравме добар натпревар, презадоволен сум како момците се покажаа. Сега ми треба пиво за да се одморам, а потоа пак во војна“ – изјави Драгиќ кој го заврши четвртфиналето со 26 поени и осум асистенции.

Следен предизвик за Словенците е полуфиналето против актуелниот европски првак Шпанија.

Шпанците се фаворити, но ние одиме без притисок да ја одиграме нашата игра, како и досега. Ова е вторпат во историјата Словенија да стигне до полуфинале. Никогаш ништо немаме освоено, но ако Бог даде, тоа ќе се промени годинава“ – оптимист е Горан Драгиќ.

Се вчитува...