Драгиќ: Три тима од Евролигата можат да се натпреваруваат со тимови од НБА

Еден од најдобрите словенечки кошаркари со долго и богато искуство настапувајќи во НБА лигата, Горан Драгиќ говореше за можноста за настап на евролигашките тимови во средсезонскиот турнир против НБА екипи кој се најавува како еден од новитетите кои ги претставува комесарот Адам Силвер за развој на кошарката.

Триесетишестгодишниот Словенец во интервју за Мундо Депортиво вели дека евролигашите ќе имаат тешка задача, но откри три тима кои би можеле да се носат со НБА екипите.

„Мора да се земе во предвид дека тимовите од Евролигата не се навикнати да играат во толку високо темпо како во НБА. Дефинитивно тимови како Барселона, Реал Мадрид и Ефес може да се натпреваруваат, но не знам колку победи можат да издвојат. Тешко е да се каже. Во секој случај изгледа како интересно нешто и тоа е нешто што сакам да го видам. Ќе биде добро за кошарката. Календарот во НБА е брутален и не знам како ќе се изведе тоа. Јас имав слично искуство со настапот во Париз (натпреварот помеѓу Чикаго и Детроит во јануари) и беше претешко“, вели Драгиќ.

Се вчитува...