Драконски казни на АО – Од дисквалификација, па се до апсење

Организаторите на Австралија опен најавија драконски казни во случај на непочитување на правилата на карантин во Мелбурн. Учесниците на првиот грен-слем во сезоната во Мелбурн ќе стигнат на 15. јануари со посебно организирани чартер летови.

Потоа е потребно две недели да поминат во карантин. На нив ќе им биде дозволено по пет часа дневно да тренираат, додека останатиот дел од времето ќе мора да го поминат во хотел. Исто така бројот на членови на тимот ќе биде ограничен, а тенисерите се известени дека треба да одберат еден тренинг партнер во првата недела.

Секој кој ќе го напушти карантинот ќе биде казнет со 19.000 долари. Прекршок на било кој член од тимот ќе биде санкциониран како прекршок на тенисерот. Непочитувањето на правилата може да донесе и автоматска дисквалификација, но дури и апсење и депортација. Австралија опен почнува на 8. февруари.

Се вчитува...