Дракслер ќе го обнови договорот со „светците“

Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер планира да ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен. Неговиот агент подолг период води преговори за потпис на новиот договор, а француските медиуми јавуваат дека недостигаат само детали за конечна потврда и обновување на соработката за дополнителни три сезони.

Дракслер поради повреда три седмици не е во составот на Томас Тухел, но офанзивниот играч за врска успеа да се рехабилитира и се очекува да конкурира за тимот за претстојниот првенствен натпревар против Дижон.

ПСЖ по 11 кола се наоѓа на врвот на табелата во францускиот шампионат со 27 бода, осум повеќе од второпласираниот Нант.

Се вчитува...