Драма и надвор од теренот на мечот Партизан – Бешикташ… Навивач во борба за живот (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше пред полувремето на натпреварот меѓу Партизан и Бешикташ во Белград во плеј-оф рундата за место во групната фаза на Лигата на Европа.

За момент и натпреварот запре откако на навивач падна во бесознание. Навивачот веднаш од трибините беше спуштен на теренот каде реагираа лекарите од двата тима, но и Брзата помош… Десетминутен обид за реанимација траеше од страна на лекарите и на самиот терен, за да потоа сепак навивачот во критична состојба итно е пренесен во Ургентниот центар во Белград. Иако непотврдени, според последните информации, во Ургентниот центар дежурните лекари само констатирале дека навивачот на Партизан починал на пат кон болницата.

Што се однесува до натпреварот, заврши без победник (1-1) со два погодоци уште во првите 15 минути од средбата. Патникот во Лига Европа, на крај, ќе биде одлучен на реваншот за седум дена во Истанбул.

Се вчитува...