ДРАМА НА „ЕМИРАТИ“: Два пенали во судиско продолжение, Арсенал до триумф во 97. минута… (видео)

Арсенал стигна до неверојатна победа од 2-1 во 22. коло од Премиер лигата во крајно драматична завршница против Барнли на „Емирати“.

„Топчиите“ водеа од 59. минута со голот на Мустафи, но дозволија во 93. минута гостите со погодокот на Греј од пенал да стигнат до израмнување… И кога се чинеше дека така и ќе заврши дуелот, Арсенал со гол од пенал на Санчез во 97. минута дојде до посакуваниот триумф.

All Goals & Highlights HD – Arsenal 2-1 Burnley… by livee-football1
###Sanchez by OfficialGoals

По оваа победа, Арсенал има 47 бода, сега пробивајќи се на втората позиција пред Тотенхем и Ливерпул, а со пет бода зад Челси кој има и натпревар помалку.

 

Се вчитува...