Драма на СП: Франција е во финалето, Данките останаа со скршени срца

Франција е првиот финалист на ракометниот мундијал за жени откако „триколорките“ вечерва во супердраматичен дуел славеа над Данска со минимални 23-22.

Данките имаат за што да жат со оглед на фактот дека скандинавските ракометарки беа подобар ривал во голем дел од ова полуфинале, имајќи по четири гола предност и во првото и во второто полувреме, што сепак се покажа недоволно за конечен триумф. „Црвено-белите“ од самиот почеток наметнаа темпо со цврстата одбрана создавајќи им многу проблеми на Французинките кои во првото полувреме имаа дури десет загубени топки.

На одмор се замина со водство на Данска од 12-10, а Данките пред самиот крај на полувремето не искористија и пенал. Тие водеа до пет минути до самиот крај, кога Французинките по неколкуте интервенции на Дарло се вратија во мечот, а потоа и со двата гола во низа на десното крило Тублан направија целосен пресврт и стигнаа до финалето.

Данска имаше последен напад за израмнување во завршните 20 секунди, но не успеа да создаде чиста позиција за шут, па скандинавките наместо за злато ќе мора да се задоволат со борба за бронзен медал.

Во второто полуфинале вечерва силите ќе ги одмерат домаќинот Шпанија и големиот фаворит Норвешка.

Се вчитува...