Драма, неизвесност, шок… Вардар две години со пет едноподруго порази од Силекс (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во првата меѓусебна пресметка во Втората лига, Вардар не успеа да дојде до триумф против еден од најголемите свои ривали во македонскиот фудбал, екипата на Силекс.

„Црвено-црните“ повеќе од две години, всушност, не знаат за триумф над Силекс. За Вардар ова беше петти едноподруго пораз од кратовци.

Последната победа над Силекс најтрофејниот македонски клуб ја има на 22. септември 2019 година кога во Скопје славеше со 3-0. Од тогаш само едно реми (2-2) во ноември 2019 година, и пет едноподруго порази со вкупна гол-разлика од 2-15.

 

 

Се вчитува...