Драма: Шешко не дозволи Јунајтед да се врати на старите навики

Манчестер Јунајтед успеа да врзе три победи во серија под водство на Мајкл Керик откако „црвените ѓаволи“ славеа над Фулам со 3-2. Дуелот на „Олд Трафорд“ беше максимално интересен, домаќините имаа 2-0 со головите на Кашемиро и на Куња, но потоа потстувајќи на бројни слични ситуации од изминатите години дозволија противникот да се врати и да израмни на 2-2 со гол во 90. минута.

Сепак, дека овој Јунајтед на Керик е поразличен од оној на Аморим видовме во судиското продолжение, Јунајтед веднаш тргна во офанзива и успеа да постигне и трет гол, дело на Шешко на асистенција на Бруно Фернандеш.

Астон Вила ја губи трката со водечките откако тимот на Унаи Емери попладнево загуби на домашен терен од Брентфорд со 0-1. Уатара беше стрелец на единствениот гол во финишот од првото полувреме, и тоа во ситуација кога Брентфорд остана со играч помалку по црвениот картон на Шаде. Сепак, дури и со ваква предност Астон Вила без повредениот Воткинс не успеа да искреира ништо посериозно, на крајот останувајќи без бодови на овој меч.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...