Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец и член на Јувентус, Клаудио Маркисио доживеал вистинска драма, пренесуваат медиумите на Апенините. Во куќата на Маркисио влегле четири маскирани лица кои впериле пиштол во лицето на Италијанецот и од него побарале да го отвори сефот, во кој имало накит, часовници и пари.
На лице место брзо стигнала полицијата, а по дополнителната истрага ќе се знае колкава била сумата на „пленот“ кој го однеле крадците.
Маркисио неодамна ја заврши активната фудбалска кариера. Тој најголемиот период го помина во Јувентус, а покрај за тимот од Торино настапуваше и за Емполи и Зенит Санкт Петербург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА