Драма во кампот на Англија: Ограбени фудбалерите, украдени дресови, копачки…

Репрезентацијата на Англија се соочи со голем проблем пред својот прв натпревар на Светското првенство во 2026 година, откако од нивниот камп беше украдена голема количина опрема.

Според информациите што се појавија во американските медиуми, меѓу исчезнатите работи се фудбалските копачки на играчите, опремата за тренинг, реквизитите на стручниот штаб, топките, како и официјалните дресови и друга опрема наменета за натпревари.

Во англискиот камп веднаш беше покрената истрага, а во потрагата по украдените предмети се вклучи и локалната полиција, која се обидува да пронајде опрема или да ѝ овозможи на репрезентацијата навреме да добие резервни реквизити за да можат подготовките за следните обврски да продолжат без застој.

Според последните информации од Канзас Сити, полицијата привела две лица поврзани со случајот, а против нив се води понатамошна истрага.

Се вчитува...