Драма во Кавадарци: Тесна победа на МЗТ Скопје над Еуро Никел

МЗТ Скопје го забележа и вториот триумф во третиот натпревар сезонава во кошаркарската лига на Македонија откако по еден тврд и неизвесен двобој успеа да слави над Еуро Никел со 69-75.

Домаќините од Кавадарци на одличен начин го отворија мечот и по десет минути имаа предност од 21-17. Сепак, добрата игра на кавадарчани беше неутрализирана од гостите во вториот период, па тимот на МЗТ успеа да се состави и да направи пресврт, заминувајќи на пауза со позитивен резултат од плус десет поени (32-42).

По паузата кошаркарите на Еуро Никел го повторија првиот период, но овој пат уште по убедливо, па со фуриозна игра и безпрекорна реализација успеаја да дојдат на само минус еден поен (50-49).

Во последната четвртина повторно „воскресна“ играта на МЗТ, кошаркарите од тимот на Скопје брзо направија разлика од шест коша, а до крајот на мечот се играше поен за поен, но ваквата предност се покажа како сосема доволна за гостите да запишат втора победа во македонската кошаркарска лига. Со овој триумф МЗТ Скопје се наоѓа на петата позиција со освоени пет бода, Еуро Никел е зад нив со четири.

Дамјан Стојановски со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, кај поразените се истакнаа Џонатан Дејвис и Бранислав Џекиќ со 13 поени.

Се вчитува...