Драма во Кисела Вода: ФМП со тројката на Ајви го реши ТФТ

Скопските ривали Академија ФМП и ТФТ одиграа драматичен натпревар во Кисела Вода во кој по голема битка славеше составот на Александар Петровиќ со минимални 90-89.

Дуелот беше максимално интересен,домашните кошаркари беа на прагот на победа кога поведо со 86-81 на минута до крајот, но Костоски погоди тројка од девет метри и ја најави драмата на овој натпревар. ФМП имаше водство од 87-85 кога Темелковски ги промаи двете слободни фрлања на 20 секунди до крајот. По второто промашување следеше фаул во борбата под кошевите на Ајви, а две секунди подоцна и намерна лична грешка на Двојаковски.

Костоски од линијата за слободни фрлања донесе водство од 87-89 за ТФТ на пет секунди до крајот, тренерот Петровиќ побара тајмаут, кој Американецот Ајви стрелаше прецизно за тројка и ја донесе големата победа на домашниот состав.

Ајви и Крстајиќ беа најефикасни во победничкиот тим со по 19 поени, четири помалку реализираше Бакоч, додека Костоски со 19 скока и 8 асистенции беше главна фигура во таборот на ТФТ.

Се вчитува...