Драма во кошаркарското „Ел Класико“ во Евролигата: Барса прокоцка победа, Реал во продолжение ги „скрши“!

Кошаркарите на Барселона прокоцкаа вистинска шанса да слават на гостувањето против Реал Мадрид во дербито на 21. коло од Евролигата. Каталонците пред последната четвртина на мечот имаа и девет поени предност, има и четири поени водство во последната минута, но дозволија „кралевите“ да се изборат за продолжение во кое на крајот славеа со 91-86.

Каталонскиот тим на самиот почеток на натпреварот го презеде водството со постојана контрола на резултатот, па на полувремето имаше предност од 32-39.

Барселона предноста ја одржуваше и во второто полувреме па пред последната четвртина дојдоа и до девет поени разлика (50-59). Но, „кралевите“ никој никогаш не може да ги опише. Па, со неверојатен пресврт и серија од 19-8 во последната четвртина Реал Мадрид на три минути пред крајот дојде до предност од 69-67. Сепак, Каталонците со шест едноподруго поени повторно се вратија со предност од 69-73, за да домашните возвратат за 73-73 на 30 секунди до крајот. Откако Миротиќ згреши во следниот напад за Барселона, грешка и кај Реал за продолжение.

А, во продолжението доминација на Реал Мадрид. Се стекнаа домашните кошаркари брзо со предност која потоа ја одржуваа до крајот за конечна победа од 91-86.

Најефикасен во победничкиот тим беше Габриел Дек со 23 поени, а Серхио Љуљ заврши со 19 поени. Кај Барселона, Никола Миротиќ мечот го заврши со 17 постигнати поени.

Се вчитува...