Драма во Лондон: Жиру донесе победа за Арсенал во голеадата против Лестер

Не можеше да се посака подобар старт на новата сезона во Премиер лигата. Арсенал и Лестер одиграа феноменален натпревар во кој по многу пресврти на крај триумфираа „топчиите“ со 4-3 благодарение на погодокот на Жиру во 85. минута од средбата.

Арсенал дојде до водство уште во 2. минута со голот на Лаказет. Но, веќе во 5. минута Лестер израмни преку Оказаки, а до комплетен пресврт од 1-2 стигна во 29. минута со голот на Варди.

Во 45. минута, „топчиите“ сепак стигнаа до израмнување пред полувремето благодарение на голот на Велбек.

Arsenal vs Leicester City 4-3 All Goals ( Full… by taftadarka2016

Во второто полувреме, Лестер повторно дојде до предност од 2-3 со голот на Варди во 56. минута, за да потоа следи комплетен пресврт и триумф на Арсенал. Најпрво во 83. минута Рамзи донесе израмнување, а во 85. минута Жиру стрелаше за конечна победа од 4-3.

Oliver Giroud Goal Arsenal (Eng) 4-3 (Eng… by fififilive

Се вчитува...