Да се знае кој е европски првак – Фенер ја доби битката на „џиновите“ со ЦСКА

Кошаркарите на Фенербахче и го нанесоа вториот пораз на водечката ЦСКА во 8. коло од Евролигата славејќи среде Москва со резултат 93-95, дури по дополнителните пет минути игра. Николо Мели беше херојот на актуелниот европски првак постигнувајќи ги поените за победа буквално со звукот на сирената, по офанзивен скок по промашениот шут за тројка на Вонамејкер.

Фенер тргна фуриозно во мечот и во втората четвртина имаше преубедливи осумнаесет поени предност (21-39). ЦСКА собра сили и се врати, па во неизвесна завршница Вонамејкер промаши едно од двете слободни фрлања, рускиот тим го промаши последниот напад, па победникот беше решен со дополнителни пет минути игра. Фенербахче и во продолжението има предност од пет поени (86-91), ЦСКА стигна до израмнување, пред Мели да ги земе работите во свои раце и да ги постигне поените за голем триумф.

Серхио Родригез беше најефикасен кај ЦСКА со 20 поени, пред Де Коло со 18, додека најдобри стрелци на Фенербахче во големата победа беа Весели со 31 и Вонамејкер со 13 поени.

#7DAYSMagicMoment: Dunk of the season?? @24janvesely ??A post shared by Turkish Airlines EuroLeague (@euroleague) on Nov 17, 2017 at 9:45am PST

Ова е петти триумф за Фенербахче во осмиот натпревар во Евролигата, додека ЦСКА Москва остана на претходните шест победи.

Се вчитува...