Драма во Париз, непосакувани гости на „визита“ кај првата ѕвезда на ПСЖ: Крадци влегле во хотелот во кој бил сместен Меси

Лионел Меси допрва треба да најде куќа за живеење со своето семејство во Париз. Меси пристигна во градот на светлината пред еден месец откако потпиша за ПСЖ, но престојува со своето семејство во луксузниот хотел Ле Ројал Монсо, бидејќи тие се’ уште бараат куќа за живеење.

Сопругата на Лео обиколи неколку луксузни куќи во Париз, но допрва треба да ја најде идеалната во која ќе живее додека Меси игра во дресот на ПСЖ. Антонела е решена што поскоро да најде дом бидејќи сака што брзо да се навикне на животот во Париз, а хотелскиот живот очигледно не е баш онаков каков што тие сакаат.

Меси сега уште повеќе ќе го забрза своето заминување по најновите настани во хотелот каде што е сместен. Имено, непознати маскирани крадци во средата навечер влегле во хотелот преку балкон на шестиот кат. Тие успеале да украдат ѓердан од 4.000 евра и обетки од 750 евра.

Покрај ова, само за неколку секунди биле украдени плус 3.000 евра. Жената која била ограбена, несоменено била во шок бидејќи една ноќ во овој хотел чини дури 1.200 евра, па за медиумите таа изјавила дека не очекувала вакви работи да се случат во таков престижен хотел.

„Плаќате богатство во луксузен хотел каде што сакате удобност и сигурност, а потоа некој влегува во вашата соба и ве ограбува. Полицијата видела двајца маскирани крадци на надзорните камери, но не може да ги идентификува … Тие рекоа дека се пријавени уште некои крадци. Мароканец кој е во собата до мојата, пријавил дека му го украле часовникот. Ова е навистина вознемирувачко и недозволиво”, изјави жртвата.

Во овој хотел престојуваа разни познати личности како Мадона и Мајкл Џексон. Меси живее во хотелот со своето семејство повеќе од еден месец, но сигурно е дека сега сака што поскоро да најде нов дом.

Се вчитува...