Драма во последното коло: Штутгарт се спаси во 93. минута, Херта ќе игра бараж за опстанок

Штутгарт е големиот победник од последното коло во Бундес-лигата, откако оваа екипа славеше со 2-1 над Келн и го освои 16.место на табелата кое значи опстанок во елитното друштво. „Швабите“ во оваа трка завршија пред берлинска Херта, која загуби со 2-1 на гостувањето против Борусија Дортмунд, прокоцкувајќи предност од 0-1 од првото полувреме против „милионерите“. Штутгарт до опстанок стигна со голот што во 93. минута го постигна капитенот Ендо, кој одлично се снајде во една мешаница во шеснаесетникот и ја смести топката под гредата.

Херта за опстанок ќе мора да игра бараж против третопласираниот тим од втората лига, по слабиот финиш во Дортмунд во кој најпрвин Халанд израмни на 1-1, пред младиот Мукоко да го постигне победничкиот гол за Борусија.

Лајпциг не успеа да слави над Арминија, но и со еден бод (1-1) оваа екипа успеа да го освои четвртото место кое води во Лигата на Шампионите. Фрајбург беше блиску до историски пласман во ЛШ, но не успеа во последното коло да слави над Баер Леверкузен. Резултатот гласеше 1-1, а Фрајбург со сите сили се обидуваше да стигне до втор гол за триумф и три бода, но „фармацевтите“ го искористија тоа што гостинскиот голман беше на нивната половина, па преку Паласиос со гол од околу 50 метри стигнаа до победата.

Резултати Германија:

Арминија – Лајпциг 1-1, Борусија Д. – Херта 2-1, Баер Л. – Фрајбург 2-1, Штутгарт – Келн 2-1, Борусија М. – Хофенхајм 5-1, Мајнц – Ајнтрахт 2-2, Аугсбург – Гројтер 2-1, Волфсбург – Баерн 2-2, Ун. Берлин – Бохум 3-2.

Се вчитува...