Драма во Русија: Балбај со тројка од десет метри го закопа Химки (видео)

Догуш Балбај покажа зошто е капитен на Анадолу Ефес откако турскиот ас со тројка на две секунди до крајот му донесе победа на својот тим на тешкото гостување против Химки (84-85). Рускиот тим беше на чекор до триумф, но во последните 15 секунди им затрепери раката од линијата за слободни фрлања, па Балбај со извонредна тројка од десет метри им донесе огромна радост на гостите од Истанбул.

 

Се вчитува...