Драма на Сардинија: Фиорентина со гол од пенал во 102. минута го победи Каљари (ВИДЕО)

Вистинска драма на Сардинија во меч од последното коло во Серија А, во кој Фиорентина со неверојатен пресврт триумфираше со 2-3 против Каљари со гол во 102. минута од натпреварот. Победа со која Фиорентина се избори за Европа.

Бонавентура во 39. минута најпрво донесе предност од 0-1 за тимот од Фиренца.

Но, Каљари успеа да израмни со голот на Деиола во 64. минута од натпреварот.

Мутандва со погодокот во 85. минута донесе предност од 2-1 за Каљари.

А, потоа следеше драмата… Најпрво, Гонзалез во 89. минута израмни на 2-2, за да дури во 12. минута од судиското продолжение Артур Мело со гол од пенал донесе победа за Фиорентина

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...