Драма во Загреб: Вујовиќ полуде на судиите, Фленсбург ја однесе победата

ППД Загреб ги загуби речиси сите шанси за пласман во следната рунда натпревари од Лигата на шампионите откако загуби во драматичен натпревар во Загреб од Фленсбург со 25-26.

Хрватите имаа во финишот сериозна шанса за израмнување и пресврт, но објективно беа оштетени од исландските судии. На судиските неправди, како по обичај, не остана нем тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ кој ги загуби нервите.

„По 40 години во ракометот јас и понатаму не ги знам ракометните правила кои господата од Исланд ги интерпретираа. Но веројатно некој одговорен ќе знае сето тоа да го процени. Нашите шанси за шестото место во групата сега се хипотетски, но задоволен сум со прикажаното“ – истакна по мечот популарниот Вујо.

Се вчитува...